Активности

Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности(ЦКА – ПХВ[V1] ). Програмата ЦКА-ПХВ претставува алатка за регрутација и мотивација на млади волонтери на Црвениот крст која се имплементира во сите 34 ООЦК и ГЦК. Преку унифициран систем за работа со млади учесниците имаат можност да се запознаат со вредностите на организацијата, стекнат активни знаења и вештини како да го искористат слободното време за добробит на заедницата.

Врснички едукации. Врсничките едукации претставуваат пренесување на знаења и вештини на свои врсници на за нив најприфатлив начин. ЦКРМ практикува обучување на млади врснички едукатори кои преку разни формални и неформални пристапи пренесуваат соодветни пораки во насока на заштита и самозаштита на човековото здравје и безбедност.

Превенција од ХИВ/СИДА и Сексуално Преносливи Инфекции(СПИ). Програмата за превенција од ХИВ/СИДА и СПИ младите на Црвениот крст ја спроведуваат од 1998 година со акцент на едукација на ученици од основни и средни училишта. За спроведување на овие врснички едукации ЦКРМ има подготвено посебен прирачник за врснички едукатори, а самите едукации се спроведуваат на македонски и албански јазик. Во 2013 година се одржани 61 работилници во кои учество земаа 1369 учесници.

Млади во борба против трговија со луѓе. ЦКРМ е членка на Секретаријатот на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Р. Македонија каде согласно акциониот план на Комисијата развива превентивни активности за борба против трговија со луѓе. Во вкупно 18 клубови на млади се организираат едукативни работилници во основни и средни училишта со цел да се подигна свеста кај младите за оваа појава. За спроведување на овие врснички едукации ЦКРМ има подготвено посебен прирачник за врснички едукатори, а самите едукации се спроведуваат на македонски и албански јазик. Во 2013 година се одржани 54 работилници во кои учество земаа 1669 учесници.

Развојни активности

Црвениот крст на Р. Македонија за своите членови постојано организира состаноци, семинари, обуки, конференции и работилници за развој на  организациските капацитети на клубовите на млади. Традиционално во летниот период се организира обука за лидерите и замениците лидери на клубови на млади на ЦКРМ кои претставуваат можност за  дополнително развивање на вештините и знаењата, размена на искуства и покренување на заеднички иницијативи. Согласно потребите на Клубовите на млади се организираат и други видови на обуки по претходно доставено нивно барање.

< врати се назад