септември 27, 2019

ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Во просториите на Општинското оснвно училиште „Даме Груев“ во Градско на 27 септмври се одржа врсничка едукација на тема: Млади во борба против трговијата со луѓе. На истата присутствуваа сите ученици од двете паралелки во деветто одделение. Тие се запознаа со процесот на регрутирање, транспорт и експлоатација на лица – жртви на трговија со луѓе.

Целта на оваа активност е да се разбуди вниманието кај младата.
популација и да се посочи на опасностите кои ги носи трговијата со луѓе. Акцент во предавањето се стави на претпазливоста, како прва појдовна точка при превенцијата.Едукацијата ја изведе Александра Здравевска волонтер во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес.

< врати се назад