април 16, 2020

ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Пандемијата и Корона вирусот не ги поколебаа граѓаните на Велес да дојдат и да даруваат крв на Вонредната крводарителска акција која ја одржаа Општинската организација на Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Во просториите на Ликовниот салон денеска даруваа 63 дарители. Поголем дел од нив, или 48 беа мажи, а останатите 15 дарители од женски пол. Еден од нив даруваше за прв пат.
На акцијата се применија сите мерки за безбедност. Просторијата целосно беше дезинфицирана, а дарителите претходно се пријавуваа за термини и на секои 15 минути доаѓаа по тројца за да се избегнат гужви и непотребни контакти.

< врати се назад