септември 27, 2019

ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЈКП ДЕРВЕН

 

На барање на надлежните, кои оцениле дека има потреба во Јавното комунално претпријатие Дервен во Велес се одржа Вонредна крводарителска акција. На истата даруваа 17 вработени во претпријетието. Дарителите поголем број, односно 14 беа од машки пол, останатите три крвни единици ги даруваа жени. Крводарителската акција заеднички ја спроведоа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Ова беше втора крводарителска акција која во 2019 се реализирше во ЈКП Деервен. На досегашните две се донираа 35 крвни единици.

< врати се назад