октомври 1, 2020

ВО ВЕЛЕС ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА

Под мотото „Старееме здраво – старееме подобро“ Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес го одбележа 1-ви Октомври Меѓународниот ден на старите лица.

По овој повод се одржа мала едукација на која тие беа информирани за целите на Декадата на здраво стареење 2020-2030, како да се подигне свеста за здравствените потреби на постарите лица, но и да се зголеми разбирањето и влијанието на COVID 19 врз секој поединец во општеството.

Освен тоа се посетија домови на стари лица во Здружението на пензионери од Велес, а се поделија и флаери во кои се опишани правата за нивна здравствена и социјална заштита.

Сите активности партнерски ги реализиравме со Здружението на пензионери од Велес, при што беа спроведени здравствените и безбедносни протоколи.

< врати се назад