април 14, 2020
ВЕЛИГДЕНСКИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ
Еден од најголемите ланци на маркети „ЖИТО“ донираше 34 Велигнедски хуманитарни пакети за граѓаните. Донацијата ја предадоа во отворениот пункт на Општина Велес во просториите на Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“.
Мобилните тимови на Општинската организација на Црвен крст од Велес во текот на денот поделија дел од пакетите. До Велигден ќе бидат распределени и останатите.
Хуманитарната помош за социјално загрозените граѓани која е донација од граѓани и Општествено одговорни комапании се дели речиси секој ден.