јуни 24, 2026

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ТРИДНЕВНА ОБУКА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ ЗА МЛАДИ

Во периодот од 17 до 19 јуни, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, успешно се реализираше тридневна обука за врснички едукатори за млади.

Обуката ја водеше Ана Трајковска Пушкаш, обучувач за врснички едукатори за млади и превентивни програми, преку интерактивни работилници, дискусии и практични активности насочени кон развивање на знаењата и вештините потребни за спроведување на врсничка едукација.

Како дел од обуката, учесниците беа оценувани преку практична работа, при што самостојно подготвија и реализираа пробни врснички едукации на теми кои самите ги избраа. На тој начин имаа можност да ги применат стекнатите знаења, да ги развијат своите презентациски и комуникациски вештини и да добијат насоки за понатамошно унапредување.

Со успешно завршување на обуката, младите волонтери се подготвени да спроведуваат врснички едукации и да придонесуваат во реализацијата на активностите и програмите на Црвениот крст.

Им честитаме на сите учесници за нивната посветеност, креативност и успешно завршената обука и им посакуваме многу успех во нивната понатамошна работа како врснички едукатори.

< врати се назад