јуни 24, 2021

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЈУНСКАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Успешно е завршена уште една крводарителска акција со крводарителите од Велес. Ниту тропските температури не ги спречија да донираат кв и да спасат човечки живот. На акцијата која се одржа на 23-ти јуни се даруваа 36 крвни единици. Еден од нив даруваше за прв пат и стана дел од најхуманото семејство во државата. Бројката ќе беше речиси двојно поголема ако голем дел од крводарителите не беа спречемни да даруваат бидејки се во процес на имунизација од Ковид 19.

Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и екипа од Институтот за трансфузиона медицина. Акцијата успешно ја водеа тројца волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад