август 16, 2021

ТРАДИЦИОНАЛНА ЛЕТНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Во организација на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и  Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Народниот музеј се одржа традиционалната Летна крводарителска акција. Секоја година во месец август два денови по ред во Велес се дарува крв. Така беше и овојпат. Со применување на протоколи за безбедбост и заштита на јавното здравје на 15-ти и 16-ти август најхуманите граѓани даруваа скапоцена течност.

На акцијата се донираа вкупно 113 крвни единици. Првиот ден 58, а вториот 55. Бројката ќе беше значително повисока но добар дел од дарителите не беа во можност да даруваат поради вакцинацијата и потребниот период кој треба да помине по примањето на ревакцината.

Од вкупниот број на крводарители седуммина даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата. Акцијата во двата дена ја водеа шестмина волонтери кои волонтерски изработија 56 часови.

< врати се назад