октомври 26, 2020

СО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТТА

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес од 16-ти до 22-ри октомври со хуманитарна акција ја одбележа Неделата за борба против гладтта. За таа цел во соработка со Жито маркети се поставија пунктови за донации во четири маркети низ градот. Граѓаните купуваа производи и потоа истите ги оставаа во пунктовите во вид на донации.

Согласно повикот се донираа, прехрамбени производи кои не можат да се расипат и кои имаат подолг рок на траење. Кон акцијата со свој придонес се прикличи и компанијата Жито.

Хуманитарните пакети се веќе подготвени и дел дистрибуирани до крајните корисници.

Поради пандемијата со Корона вирусот оваа година Неделата за борба против гладтта Општинската организција на Црвен крст ја орбележува на овој начин, а не преку традиционалната акција во основните и средните училишта на територија на Општините Велес, Градско и Чашка каде учениците купуваа вредносни бонови.

< врати се назад