јули 22, 2020
РАСПРЕДЕЛЕНА Е ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ДОНАЦИЈА ОД USAID.
Продолжува поделбата на хумнитарна помош. Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес посетија домови на многу лица кои живеат во социјален ризик. Поделени се вкупно 396 пакети. По 198 со храна и со хигиена.
Освен во Велес пакети со хуманитарна помош се однесоа во Бузалково, Горно и Долно Јаболчиште, Чалошево, Црквино, Сливник, Горно Оризари, Иванковци, Мелница, Оморани, Рудник, Отовица, Башино село.Списоците за поделба на пакетите ги изготви Министерството за труд и социјална политика во соработка со Центрите за социјални работи.