ноември 6, 2026

ПРВА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО „МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ

По иницијатива на „Маркарт Македонија“ ДООЕЛ, како општествено одговорна компанија, за првпат беше организирана крводарителска акција во нивните простории.

Акцијата ја реализираше Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. На акцијата беа собрани 48 крвни единици, а особено значајно е што дури 19 лица за првпат даруваа крв, со што дадоа свој придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв.

Во реализацијата на акцијата беа вклучени и двајца волонтери на Црвениот крст, кои помогнаа во нејзината успешна организација.

Упатуваме благодарност до „Маркарт Македонија“ ДООЕЛ за иницијативата и покажаната општествена одговорност, како и до сите крводарители за нивното учество и поддршка

< врати се назад