септември 14, 2020

ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ДАВЕНИК ОД ЕЗЕРО МЛАДОСТ

По повод 12-ти септември Светскиот ден на првата помош членовите на Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес изведоа показна вежба за спасување на давеник од водите на велешкото езеро Младост.

Според процедурата, тие прво го извлекоа давеникот од водата, со чамец го донесоа до блиското пристаниште каде откако го извадија надвор на давеникот му беше извршена реанимација.

Вежбата покажа дека Тимот за одговор при катастрофи е одлично подготвен да одговори на сите предизвици во делот на безбедност на вода.

< врати се назад