ноември 28, 2024

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ

Како да се спречат младите да не посегнуваат кон цигарите, алкохолот и дрогата? Какви се последиците од употребата на овие супстанци кои создаваат болести на зависност кај наслението? Ова беа главните теми за кои се дадоа одговори на панел дискусијата на тема: Борба против болести на зависност.

Пред присутните ученици од средно овразование говореа Др. Мартин Хаџи Наумов координарот на Советувалиштето за превенција од ХИВ/СИДА во Велес, Елена Табакова дипломиран фармацевт и Верољуб Додевски поранешен Началник при отсек за превенција во СВР Велес.

Повод за одржување на панел дискусијата е месец ноември кој се одбележува како месец за борба против болести на зависност. Истата беше организирана од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес во соработка со Училишниот клуб на Црвен крст при ССОУ „Димитрија Чуповски“ и Ученичката заедница од истото училиште. Настанот се одржа во просториите на „Europe House“, а го проследија 40-тина ученици и наставници.

< врати се назад