октомври 18, 2019

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ.

Со едукација за учениците од деветто одделение од Подрачното училиште „Васил Главинов“ во село Бузалково денеска одбележан Меѓународниот  ден за борба против трговијата со луѓе. Едукацијата заеднички ја изведоа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Отсекот за превенција при СВР Велес.

Пред присутните беа предочени фазите во кои се случува трговијата со луѓе: регрутација, транспорт и експлоатација на жертвите. Акцент секако беше ставен на превенцијата и препознавањето на ваквите појави.

Претходно вакви предавања се одржаа и во ООУ „Даме Груев“ во Градско и во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари.

< врати се назад