мај 8, 2023

ОДБЕЛЕЖАН 8-ми МАЈ СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

Под мотото „Се што правиме – го правиме од срце“, Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес го одбележа 8-ми мај Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина. Овој ден беше искористен за да се промовира организацијата. На информативен штанд волонтерите од Клубот на млади го претставија Црвениот крст, областите во кои делува, програмите и активностите кои се реализираат во текот на годината.

На информативниот штанд имаше и забавен дел. За граѓаните се организираше лотарија со симболични подароци, а за најмладите имаше и балони со знакот на Црвен крст.

Во подготовката и реализацијата на настанот учество зедоа 17 волонтери од Клубот на млади при општинската организација на Црвен крст од Велес.

< врати се назад