декември 1, 2022

ОДБЕЛЕЖАН 1-ВИ ДЕКЕМВРИ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

По повод 1-ви декември Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Советот за јавно здравје на Општина Велес се одржа трибина со цел запознавање на младите од градот за причините, последиците и третманот на оваа болест.

Трибината се одржа во големата сала на Општина Велес, а на истата присувствуваа 120 ученици од средните училишта од градот, претставниците на Советот за јавно здравје, наставници и останати присутни. На истата говореа Др. Силвана Мишкова Инфектолог и Др. Весна Маркова Гинеколог.

Во целокупната организација активно беа вклучени и претставниците од Клубот на млади. Тие изработија црвени машни кои се заштитен знак за одблежување на овој ден и ја пружија останатата логистика на настанот. Во реализацијата учество зедоа 10 волонтери.

< врати се назад