октомври 14, 2026

ОБУКА ПО ПРВА ПОМОШ СО ВРАБОТЕНИ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

Вработените од повеќе клонови во Детската градинка „Димче Мирчев“ научија или го освежија своето познавање по прва помош. Тие беа дел од едукацијата која ја реализираше Др. Марија Давчева волонтер и тренер по прва помош при Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес.

На едукацијата беа презентирани основните техники за пружање помош кај повредено лице при различни видови на повреди, како срцево-белодробно оживување, рани, скршеници, крварења и слично.

Голема благодарност до ОЈУДГ „Димче Мирчев“ за соработката и интересот кој го покажаа вработените да ја совладаат првата помош како живото спасувачка вештина.

< врати се назад