декември 24, 2020

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес денеска ги израдуваа најмладите жители на Велес. На 30 деца од социјално загрозени семејства им ги разубавија претстојните празници со новогодишно пакетче. Радоста и среќата кај нив беше голема, што ни причинува и нам големо задоволство.

Новогодишните пакетчиња се собраа на настанот кој го организираше Liones  клубот од Велес на хуманитарна акција за продажба на сликовницата Мачорот Пабло.

Претходно се поделија уште 50 новогодишни пакетчиња во ПОУ „Маца Овчарова“ и за децата кои се сместени во дом семејство.

< врати се назад