септември 24, 2026

НЕДЕЛА НА ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

30 ГОДИНИ ПХВ НА ЛОКАЛНО НИВО беше мотото под кое оваа година беше одбележана ПХВ неделата – Неделата на промоција на хумани вредности, која секоја година се одбележува од 21 до 27 септември.

По повод големиот јубилеј, во Европската куќа се одржа настан посветен на тридецениското присуство на програмата во локалната заедница и на генерациите млади кои низ годините биле нејзин дел.

Во рамките на настанот се одржа панел дискусија на која Пенчо Андреев, Сара Јовчевска и Амела Ализотова споделија свои искуства, сеќавања и приказни поврзани со ПХВ програмата и нејзиното значење за младите.

На 30 млади волонтери кои учествуваа во овогодинешниот ПХВ циклус им беа доделени благодарници за нивниот ангажман и придонес во реализацијата на проектите во заедницата.

30 години ПХВ на локално ниво се три децении исполнети со идеи, млади луѓе и проекти кои оставаат трага во заедницата.

< врати се назад