ноември 15, 2022

МЕРЕЊЕ НА КРВЕН ПРИТИСОК И ШЕЌЕР

Во Здружението на пензионери во Велес на 15-ти ноември се одржа активност со која се извршија бесплатни прегледи за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта кај лицата од трето доба. Активноста се реализира под мотото „Сите сме нивни деца“ во рамки на Неделата за грижа на стари лица, а истата е дел и од одбележувањето на 14-ти Ноември Светски ден за борја против дијабетес.

На бесплатните прегледи во Здружението на пензионери дојдоа 50-тина лица. Освен преглед тие добија и совети за своето здравје. Во реализација на активноста вклучени беа четворица волонтери од Општинската организација на Црвен крст. Во активностите беа опфатени и лицата кои се дел од проектот „Здраво стареење“

< врати се назад