декември 6, 2024
МЕЃУНАРОДНА ВОЕНА НАТО ВЕЖБА „MAPLE ARCH“
Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес учествуваа во шест дневна Симулациска НАТО воена вежба во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман.
На истата освен Армијата на Македонија присутни беа команди од Украина, Грузија, Полска, Канада и Литванија.
Црвен крст имаше улога во така наречената „сива келија“. Волонтерите даваа упатства и совети како да се постапува во случаи на катастрофа кога има зафатено цивилни лица, како да се организира хуманитарна помош и слично. Нашата организација ја доби честа да биде единствената не воена организација која е поканета на вежбата.
Во вежбата без вклучени вкупно осуммина припадници на Општинската организација на Црвен крст.