
јуни 8, 2026
ЛЕТЕН КАМП НА ОПЕРАТИВНИ СИЛИ – САРАЈ 2026
Петмина волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес беше дел од „Летниот камп на оперативните сили на Црвен крст – Сарај 2026“ кој се одржа од 05-ти до 07-ми јуни. Волонтерите поделени во тимови поминаа едукација, работилници и практични вежби за различни ситуации и непогоди.
Тимот на Општинската организација на Црвен крст Велес беше активно вклучен во активностите и даде свој придонес за подобра подготвеност на оперативните сили.
Благодарност до сите вклучени во организацијата на Летниот камп и можноста да се научат нови работи, искуства и знаења кои ќе ни послужат во наредниот период.















































