декември 2, 2020
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
Водејки се од идејата за помош на јавното здравје, за надополнување на резервите со крвни единици и за одржување на долгогодишната традиција Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје организираа крводарителска акција наменета за средношколци. На акцијата даруваа 16 дарители, од кои 10-мина тоа го направија по прв пат. Во време на пандемија овие учиници покажаа голема хуманост.
Крводарителската акција, согласно препораките, се одржа во спортската сала која заеднички ја користат ССОУ „Димитрија Чуповски“ и Гимназија „Кочо Рацин“.
Во наредниот период предвидено е одржување на акција во Општина Градско.