април 2, 2021

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДИМЧЕ МИРЧЕВ

Успешна крводарителска акција со Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес. Оваа година тие за прв пат се одлучија едно од одбележувањата на патрониот празник да им биде со крводарителска акција. Истата се одржа во Ликовниот салон, а учество зедоа вработените во институцијата, но и родители на децата кои се здрижени таму.

На крводарителската акција даруваа 30 крводарители. Од нив шестмина тоа го направија за прв пат и официјално се впишаа во оваа категорија на граѓани. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и овојпат акцијата ја изведе партнерски со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во текот на месец април ќе се одржат уште три крводарителски акции.

< врати се назад