јануари 25, 2021

КРВОДАРИТЕЛИТЕ ОД ЧАШКА НА ПРВА АКЦИЈА ВО 2021

Крводарителите од Општина Чашка се одзваа на првата крводарителска акција во 2021 година. Во големата сала на Основното училиште „Тодор Јанев“ даруваа 22 крвни единици. Тоа е добар почеток на годината ако се имаат во предвид условите и пандемијата во која се наоѓаме.

Традиционално крводарителската акција заеднички ја оргнизираат Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“.

Во текот на минатата година во Чашка е одржаа две крводарителски акции на кои се даруваа вкупно 54 крвни единици.

< врати се назад