
мај 27, 2026
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА
По повод 15 Април – Денот на Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше хуманитарна акција.
Во рамки на акцијата беа донирани пакети со прехранбени производи од страна на припадниците на Армијата. Волонтерите на Црвен крст ги подигнаа донациите, по што ќе следи нивна распределба.
Пакетите ќе бидат наменети за лица и семејства кои живеат во социјален ризик.














































