октомври 13, 2020
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА“
Започна распределбата на хуманитарна помош од акцијата „Од децата за децата“, која Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес, заеднички ја реализира со Јавната установа Детска градинка „Димче Мирчев“.
Хуманитарната акција се одржа по повод Детската недела, а има за цел децата уште од најрана возраст да видат и да научат што е хуманист и како тоа да им биде еден од принципите по кој ќе се водат и во иднина.
о шесте клонови од детските градинки се донираа над 300 килограми облека, обувки и играчки. Голем дел од нив се веќе поделени на деца кои живеат во социјален ризик и нивните родители имаат проблем да им ги обезбедат овие работи.