ноември 10, 2026

ЕКО-ЕДУКАЦИЈА ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес спроведоа едукативно предавање за заштита на животната средина.

Еко-едукацијата се одржа во ООУ „Васил Главинов“ и беше наменета за ученици од трето одделение. Активноста ја реализираа врсничките едукатори Матеја Матева и Кристина Костовска, кои на учениците им го доближија значењето на правилното селектирање и рециклирање на отпадот, како и начините на кои можат да придонесат за почиста животна средина.

Преку разговор и едукативни содржини, учениците имаа можност да научат како правилно да постапуваат со отпадот и да развијат навики за поголема грижа и одговорност кон природата.

< врати се назад