октомври 30, 2026

ЕКО-ЕДУКАЦИЈА ВО ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

Во рамките на програмата „Зелен волонтеризам“, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес реализираа едукативна активност посветена на заштитата на животната средина во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ – Велес.

Еко-едукацијата беше наменета за децата од градинката. Едукаторите Матеја Матева и Кристина Костовска на интересен и интерактивен начин им ја доближија важноста на грижата за природата, правилното селектирање и рециклирањето на отпадот. Преку разговор и активности приспособени на нивната возраст, децата имаа можност да научат како и самите можат да придонесат за почиста животна средина.

Со оваа активност се поттикнува развивањето на еколошките навики уште од најмала возраст и се подигнува свеста за значењето на зачувувањето на природата.

< врати се назад