октомври 15, 2019

ЕДУКАЦИЈА ЗА ДИЈАБЕТ СО КЛУБОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ

Во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес денеска се одржа едукативно предавање за дијабетис со претставници од Клубот на пензионери.

Едукацијата ја одржа волонтер Доктор Јадранка Мишкова која пред присутните ја објасни дијагнозата, класификацијата, клиничката слика, видовите на дијабетесот како и начините на лекување и видот на терапија.

Предавањето е дел од одбележувањето на Неделата за борба против шеќерна болест од 16 до 22 октомври и дел од годишната програма за работа на Клубот на пензионери при општинската организација на Црвен крст од Велес.

< врати се назад