април 19, 2021

ДОНИРАНИ 69 КРВНИ ЕДИНИЦИ ОД КРВОДАРИТЕЛИТЕ ВО ГРАДСКО

Крводарителите од Градско и околните населени места продолжија да бидат едни од најахуманите во државата. Во општината која брои само околу 3.500 жители на денешната крводарителска акција се донираа 69 крвни единици, што е одлична бројка и висок процент на дарувања во однос на бројот на жители.
 
Од дарителите четворица даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во земјата.
 
Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско. Голема благодарност и за петмината волонтери од Црвен крст кои беа вклучени во реализацијата на акцијата.
< врати се назад