
септември 1, 2026
ДОНИРАНИ 20 КОМПЛЕТИ УЧИЛИШЕН ПРИБОР
Од донираниот училишен прибор, во просториите на Општинска организација НА Црвен крст Велес, нашите волонтери спакуваа 20 ранци исполнети со сè што му е потребно на еден ученик – тетратки, комплет линијари, шестар, блокови за цртање, водени бои, темперни, дрвени и мрсни боици, острилки, моливи, гуми, фломастери, ташнички за прибор и сл.
Во текот на оваа недела, ранците ќе бидат поделени кај семејствата на кои им се најпотребни, со цел секое дете да ја започне новата учебна година со насмевка, радост и неопходниот училишен прибор.
Искрено благодариме на сите граѓани кои донираа, како и на нашите волонтери за нивната несебична посветеност и поддршка.
Заедно можеме да направиме разлика и да овозможиме среќен почеток за секое дете.















































