април 13, 2023

ДОНАЦИЈА ОД АРМИЈАТА

Припадниците на Армијата кои се дел од Командата за обука при Велешката касарна Алексо Демниевски – Бауман донираа пакети со храна за лица и семејства кои живеат во социјален ризик. Истите содржат нерасипливи прехрамбени производи согласно стандардите пропишани од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Донацијата е по повод 15-ти Април Денот на командата за обука. Хуманитарната помош ја подигнаа волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и во наредниот период ќе биде доделена таму каде што е најпотребно.

Освен хуманитарните пакети, од Армијата донираа и маренди во Посебното основно училипште со Ресурсен центар „Маца Овчарова“.

Хуманитарните акции со припадниците на Армијата стануваат се почести и изразуваме голема благодарност за високото ниво на хуманост кое тие го покажуваат.

< врати се назад