декември 5, 2024

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ ВОЛОНТЕРИ

Одбележан 05-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството. По овој повод во Големата сала на Општина Велес се одржа манифестација на која им се оддаде почит на сите волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес кои со својот ангажман се истакнаа во изминатата година.

Вкупно 36 признанија се доделија за најдобрите волонтери во 2024 година, волонтерите со најмногу волонтерски часови, волонтери со најдолг континуиран волонтерски стаж.

Покрај доделувањето на наградите се одржа и панел дискусија, преку која панелистите Петре Петрушевски, д-р.Кевица Шопова Клифова и Тамара Коцевска ги раскажаа своите волонтерски приказни во Црвен крст.

За забавата на вечерашниот настан беа задолжени членовите на балетското студио Анабела.

Манифестацијата му беше посветена на Др. Милчо Трајков бидејки од оваа година со одлука на Раководниот одбор, Општинскиот натпревар по прва помош беше именуван како „Натпревар Др. Милчо Трајков“.

< врати се назад