септември 4, 2026

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ООЦК ВЕЛЕС ДЕЛ ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАТРОНАТОТ НА КАСАРНАТА

Делегација од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес предводена од секретарот Орце Николов втора година по ред е дел од одбележувањето на патрониот празник на велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“.

Делегацијата положи цвеке пред спомен бистата на народниот херој.

Присувството на активноста е продлабочување на одличната соработка која ја имаме со Велешкиот гарнизон на Армијата на повеќе полиња од заеднички интерес за двете организации.

< врати се назад