ЦРВЕН КРСТ ПОДДРШКА НА ВЕЛЕШКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Шеста година по ред Црвен крст на Република Северна Македонија и Општинската организација од Велес се дел од пливачкот маратон на езеро Младост кој се одржа на 15 сетпември.
Оваа година ангажирани се над 20 волонтери. Претставници од Тимот за безбедност на вода се грижеа за сигурноста на пливачите, двајца лекари задолжени за здравјето и претставници од Клубот на млади.
За маратонот беше обезбен еден гумен чамец со мотор, дрон и тим за логистичка поддршка кои дојдоа од Скопје.
На отворањето на маратонот, кој годинава е посветен на поранешниот претседател на Црвен крст кој од оваа година за жал не е помеѓу нас Д-р Милчо Трајков, првиот човек на Националното друштво Ромел Велев истакна дека Црвениот крст отсекогаш давал поддршка за ваквите манифестации, вложувајки ги своите капацитети, како човечки така и материјални. Изрази и благодарност до организаторите за посветата на манифестацијата за која Доктор Милчо Трајкв беше голем поддржувач.
Секоја година со неговиот тим на лекари – волонтери во Црвен крст се грижеа за здравјето на натпреварувачите.