ноември 12, 2019
9-ТО НОЕМВРИСКАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НАЈУСПЕШНА ВО 2019
Крводарителската акција која по повод 9-ти Ноември Денот на ослободувањето на градот по 12-ти пат во Ликовниот салон денеска ја организираа Црвен крст на Република Македонија, Мото клубот „Носачи на крстот“ и Општина Велес, статистички и според бројките е најуспешната во 2019 година.
Двете екипи од Институтот за трансфузиона медицина собраа вкупно 153 крвни единици. 124 единици ги даруваа мажи, а 29 жени. Речиси 10 проценти или 13-мина од дарителите за прв пат даруваа и станаа дел од најхуманото семејство.
Годинешните 153 крвни единици се надминување на минатогодишната бројка на оваа акција која беше 137. Голема благодарност до крводарителите без кои ова немаше да се случи.