септември 23, 2019
13-то МЕСТО НА ДРЖВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
Екипата на гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес која победи на Општинскиот натпревар по Прва помош, викендов учествуваше на државниот натпревар кој се одржа во Битола. Во конкуренција на 28 екипи од исто толку градови од државата тие го освоија 13-тото место.
Дел од овогодинешната екипа на Прва помош беа: Давор Давчевски, Филип Трајановиќ, Ива Донева, Теодор Левков, Андреј Делиманчев и Марија Николова, под менторство на Елизабета Николовска.
На Државниот натпревар во Битола, кој се одржа по две траектории со по седум пунктови, од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес учествуваа и Доктор Кевица Шопова Клифова како судија и Тања Јаковлевска како шминкер за повреди.