
септември 25, 2025
НЕДЕЛА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ
Општинската организација на Црвен крст од Велес им се заблагодари на младите волонтери кои беа дел од Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ за 2025 година. На свечена манифестација во Големата сала на Општина Велес беа врачени благодарници за сите учесници и за локалниот дисеминатор.
На свеченоста присувствуваа над 100 гости, помеѓу кои Градоначланикот на Општина Велес, партнерите на организацијата кои помогнаа при реализација на Програмата, родители на волонтерите и членови на организацијата. Тие имаа можност да ги видат сите видеа од изработените пет мали проекти за доброто на зедницата.
