
септември 25, 2025
ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО
Во Големата сала на Општина Велес се доделија признанијата за најдобрите на полето на крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2024 година. Истата е многу успешна за крводаритерлите од овие три Општини кои заедно го натфрлија годишниот план за 205 проценти.
На манифестацијата се доделија признанијата за 22-ца крводарители кои во 2024 година достигнаа јубилеј 50, 75 и 100 крводарувања. Благодарници за развој и поддршка на крводарителството добија Мото Клубот „Носачи на крстот“, Основната организација на Црвен крст од Градско и Театар „Ј.Х.К.Џинот“.
