јануари 30, 2020

ЗАПОЧНАА ОБУКИТЕ ЗА ЦКА – ПХВ 2020 ГОДИНА

Во просториите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес денеска се одржа првата од предвидените три обуки во рамки на програмата „Црвен крст во акција промоција на хумани вредности“ На обуката присувствуваа 33 лица на возраст помеѓу 13 и 17 години.

Тие откако ќе ги поминат сите обуки ќе се стекнат со знаења и вештини за изработка на проекти. Потоа ќе се поделат во тимови и ќе одберат целна група. Крајот на месец април е рокот за реализација на проектите кои имаат за цел да се направи нешто добро за луѓето од заедницата кои имаат потреба за помош.

Првата обука ја одржа локалниот дисеминатор Александра Здравевска на која и помогнаа неколку членови од Клубот на млади. Токму тие ќе бидат и ментори на некој од тимовите бидејки во претходните години учествувале во програмата за промоција на хуманите вредности.

< врати се назад