октомври 18, 2019

ЗАПОЧНА СО РАБОТА УЧИЛИШНИОТ КЛУБ НА ЦРВЕН КРСТ ВО ВЕЛЕШКАТА ГИМНАЗИЈА

Со одржување на ориентерска сесија денеска и официјално започна да функционира Учулишниот клуб на Црвен крст во велешката гимназија „Кочо Рацин“. Присутните лица може да научат за идејата за настанување на организацијата, принципите врз кои таа почива, амблемот, дејностите кои се изведуваат итн..

Во наредниот период учениците од гимназијата кои се дел од училишниот клуб ќе работар според годишната програма која предвидува реализација на повеќе активности главно на едукацијата, но и практични работи како еколошки акции, ликовен и литературен конкурс, одбееживање на значајни датуми.

Ова е прв училиштен клуб кој се отвара во средните училишта во Велес, досега има два клубови кои се отворени во две основни училишта.

< врати се назад