ноември 26, 2019

ЗАЕДНИЧКА РАБОТИЛНИЦА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И ЛИЦАТА ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

По повод Неделата за грижа на стари лица се одржа заедничка работилница на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, Здружението на пензионери и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Целта на работилницата е да се развие социјализацијата и инклузијата на лицата со посебни потреби во општествениот живот.

Денешниот настан е продолжение на одбележување на Неделата за грижа на стари лица. Претходно волонтерите на Црвен крст извршија домашни посети кај стари и изнемоштени лица, а се изврши и бесплатно мерење на крвен притисок и шекер во крвта.

< врати се назад