септември 13, 2019

ОБУКА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ ПО ПРВА ПОМОШ

Во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес започна обука за врснички едукатори по Прва помош. Првиот дел од обуката се одржа на 12-ти септември, а ќе следуваат уште два дела по кои Општинската органиација ќе добие врснички едукатори за оваа тема.

На првиот ден од обуката присувствуваа осумина волонтери од Клубот на млади кои се избрани да бидат врснички едукатори.  Тие ги научија основите на првата помош и практично го совладаа делот за реанимација како една од главните бази за познавање на Прва помош. Овој дел од обуката го изведе демонстраторот Тања Јаковлевска со помош на екипата која победи на овогоднешниот општински натпревар по Прва помош.

Обуката е дел и од одбележувањето на Светскиот ден  на Прва помош кој годинава е на 14-ти септември.

< врати се назад